Во Медиотеката на градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, во знакот на розовата боја, утре со почеток во 14:00 часот, ќе се одржи едукативен настан посветен на подигнување на свеста за ракот на дојката кој доколку се дијагностицира навремено може успешно да се лекува. Настанот ќе обедини жени, здравствени работници и граѓани околу една заедничка порака и преку предавањата од Проф. д-р Тања Петровска и Проф. д-р Јасмина Чабуковска – ...

Во рамките на одбележувањето на „Розов октомври“ – месецот на борбата против ракот на дојка, во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско се одржа едукативна трибина посветена на превенцијата и раното откривање на оваа болест. Настанот го организираше Општина Градско, со цел да ја зголеми свеста кај населението за важноста од редовни контроли и здрави животни навики. Едукатор на трибината беше Др. Родна Јорданова, волонтер со ...