Дојде денот Д за нашиот шампион. Дали денешниот 30 јули 2025 ќе биде историски и не само за Шкендија туку и за мак – фудбалот? Тоа останува да видиме некаде после 21:30 часот. Имено вечерва во Букурешт на Националната Арена се игра реваншот од двомечот меѓу ФЦСБ (Стеауа) и нашата Шкендија. Севкупниот победник оди во 3.квалификациско коло во ЛШ на мегдан со подобриот од двомечот меѓу Карабах и Шелбурн и оди најмалку во лигашката фаза во ЛК ...
Убава вест од Букурешт. Како што објавија и официјално од таборот на нашиот шампион, во последен момент е обезбеден директен ТВ пренос од Букурешт од мечот меѓу ФЦСБ и Шкендија и тоа на МТВ2. Секако дека ова е можност да се гледа Шкендија и да се навива за тимот од Тетово кој вечерва може да испише историја, а тоа е најмалку пласман во Лигашката фаза во ЛК или по старо групна фаза. Да потсетиме дека натпреварот започнува од 19:30 часот по ...