Пакистанскиот министер за надворешни работи, Ишак Дар, изјави дека Исламабад е подготвен за сеопфатен дијалог со Делхи, објави пакистанскиот весник „Експрес Трибјун“. -Дијалогот нема да биде ограничен само на прашањето за тероризмот, изјави Дар на прес-конференција во Њујорк. Пакистанскиот министер нагласи дека неговата земја ќе продолжи да врши притисок врз Индија да се врати на исполнување на своите обврски според Договорот за водите на Инд. ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска ја продолжува својата дводневна посета на Израел и палестинските територии со средби во градот Рамала, објави ДПА. По вчерашните разговори во Ерусалим, Вадефул планира да отпатува на Западниот Брег, кој е окупиран од Израел, за да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Разговорите ќе се фокусираат на насилството на израелските доселеници врз Палестинците на Западниот ...