Владата нема да прифати безусловни уставни измени како што направи претходната и не сме подготвени на „капитулација“, рече меѓу другото премиерот Христијан Мицкоски денеска од Охрид, додавајќи дека „граѓаните се уморни од национални отстапки без гаранции за исполнување на крајната цел и од неисполнети ветувања“. -За мене промена на Устав и прифаќање на тоа што го прифатила претходната влада не е реформа. Нашиот став е јасен и прецизен – ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, коментирајќи ги евроинтегративните процеси на Албанија и Црна Гора, како и на Молдавија и Украина во однос на Македонија и нашиот евроинтеграциски процес, ја обвини опозицијата за која вели дека е таа што ја довела Македонија во сегашната состојба, бидејќи прифатила предлог што не успеала да го испорача, но и кој е целосно асиметричен во однос на националните интереси на граѓаните и на државата. Мицкоски ...

