„Ние многупати досега сме го кажале нашиот став и тој останува непроменет. Ако ги оставиме настрана изјавите и конструкциите на опозицијата, зборуваме за реална политика и за политика што навистина се практикува. Како претседател на Владата, немам намера да поддржам авантура, без да знам дека таа има извесен крај. Покажуваме дека сме конкурентни, дека имаме капацитет, знаење и волја бргу да го поминеме овој процес. Но, без јасна перспектива и ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во однос на денешата посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на Скопје и очекувањата од неа нагласи дека тој како претседател на Владата нема намера да поддржи авантура, без да знае дека таа има извесен крај, додавајќи дека во текот на целиот евроинтеграциски процес македонската страна покажува дека е конкурентна, капацитетна и оти има волја за брзо завршување на процесот. Но, додаде ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата нема да ја промени позицијата за уставните измени по пораките на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дека тие остануваат услов за формален почеток на пристапните преговори со Европската Унија. Мицкоски изјави дека „нема цена“ што би ја натерала Владата да влезе во процес без јасен и извесен крај. Во реакцијата по посетата на Кошта, Мицкоски повтори дека Македонија останува на ...