Околу 3.000 културни работници од 120 институции ја добија мартовската плата согласно колективниот договор. Социјалниот дијалог со синдикатот ќе продолжи до изнаоѓање долгорочно решение за стабилност на културните институции – уверува Министерството за култура и туризам. По протестот, ова прашање се актуализираше и во Собранието. Премиерот Мицкоски рече дека и покрај тоа што колективниот договор во културата е со истечена важност и не добил ...
Време е да се пресече синџирот на криминалот и да се истера правдата на виделина, затоа што и врапчињата знаат за корупцијата и злото што владее кај нас, порачаа родителите на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ на четвртиот протестен марш „Задоцнета реакција“ што денеска (26 април) се одржа во Кочани. Во пораката до институциите кои се одговорни за функционирање на системот во државата побараа тие да не ја одбегнуваат одговорноста и да ја ...
Синдикатот за култура потврди дека исплатата на платите е започната, но не била во согласност со Колективните договори, туку како што велат, по насока на Министерството за култура, а по препорака од Министерството за финансии со некаква нова не правна формула. Посочуваат дека таквата плата добиена по некакво произволно толкување на колективните договори е со грешки. „Изработката на решенија за плата и самата пресметка, е направена под притисок, ...
Започна исплатата на платите во културата, но НЕ во согласност со Колективните договори, туку по насока на Министерството за култура, а по препорака од Министерството за финансии со некаква нова неправна формула. Но посочуваме дека таквата плата добиена по некакво произволно толкување на колективните договори е со грешки, реагираат од Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ). Препорачано Изработката на решенија за плата и самата ...