Започна реконструкцијата на просторот од поранешниот Општествен дом „Рид“, каде за пет месеци во Прилеп треба да профункционира првиот Дневен центар за стари лица за активно стареење. Стручните услуги на новиот Центар, со површина од 100 метри квадратни, ќе можат да ги користат 48 лица над 65 години, распоредени во две групи по четири часа дневно за група. Инвестицијата е вредна вкупно 7 милиони денари, од кои 2 милиони денари се за уредувањето ...

Прилеп Општина Прилеп, во соработка со Центарот за развој и едукација – Прилеп, наскоро ќе отвори центар за дневен престој на стари лица за активно стареење. Просторот ќе биде адаптиран во старата зграда на месната заедница „Рид“, а реновирањето се очекува да заврши до крајот на септември. Центарот треба да започне со работа од први јануари 2026 година. Проектот е дел од грантот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со ...