Барселона оствари важна победа (0-2) на гостувањето кај Виљареал и на најдобар можен начин ја заокружи 2025 година. Каталонскиот тим сега повторно има четири бода предност во однос на најголемиот конкурент Реал Мадрид. Рафиња од пенал донесе водство за Барса, а работата за гостите беше олеснета и со црвениот картон Ренато Веига во 39-тата минута. Ламин Јамал во 63-та минута постигна втор гол за тимот на Ханси Флик и ги завери трите бода. ...

Барселона ја запиша осмата победа по ред во шпанското првенство, откако како гостин славеше против Виљареал со 2-0 во натпревар од 17. коло на Ла Лига. Дуелот кој се одигра попладнево „Естадио де ла Серамика“ започна подобро за домашниот тим. Виљареал прв се закани преку Пепе и Перез, но без конкретна реализација. Клучниот момент во првото полувреме се случи во 12. минута, кога на Барселона ѝ беше досуден пенал. Рафиња ја презеде одговорноста и ...