Денес во 18 часот граѓаните на Кичево ќе излезат на четвртиот протест, кој ќе се реализира пред новата општинска зграда. Денешниот протест се предвидува да биде најмасовен а од граѓаните се очекува во што поголем број да земат учество на истиот, за конечно да се реши проблемот со дивата градска депонија која во изминатите неколку години ги труе жителите на овој зелен град. -Поминаа три протести на кои беа повикани надлежните на ЕЛС Кичево и ЈП ...

Денес во 18:00 часот од страна на градскиот „Кеј“, пред општинската зграда во Кичево ќе се одржи четвртиот протест на револтирани граѓани за настанатата дива депонија која тлее доста време и шири непријатна миризба. Организаторите и кичевчани повторно ќе апелираат врз надлежните институции веднаш да се зафатат со решавање на долгогодишниот проблем – депонијата, која се наоѓа во градското подрачје, кај стар „Керамички Комбинат“. Преку ...

По нерешавањето на проблемот со дивата градска депонија, граѓаните на Кичево како што претходно најавија, пред влезот на општинската зграда истураа комунален отпад како реципрочна мерка, за да видат општинарите како тие тоа го прават пред нивните домови и неконтролирано истураат секаков вид отпад, кој потоа смрди и создава неподнослива реа во близина на нивните живеалишта. -Како што ветивме така денес ги реализираме нашите најави а се однесува ...