Екс-претседателот Стево Пендаровски вчера порача дека во протоколите со Бугарија никаде не пишува дека доколку не се решат историските контроверзии, земјава не може да влезе во ЕУ, бидејќи во целиот втор протокол, кој актуелната власт го спори, секаде се употребува фразата на охрабрување и поттик, а не условување. Дел од познавачите на состојбите велат дека е точно како во Вториот протокол не пишува буквално дека Македонија не може да стане ...
„Ирелевантно е што во протоколот не стои реченица од типот „нема членство ако нема договор за историјата“. Не мора ни да стои. Доволно е што стои дека ова треба да биде завршено до членството, а Бугарија има и апсолутен интерес и целосна институционална моќ да инсистира дека тоа мора да биде исполнето до последна јота пред да даде согласност за членство“, оценува универзитетскиот професор и поранешен член на Заедничката историска комисија со ...

