Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски прифати нов предизвик во својата кариера и во иднина ќе настапува за шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс откако вчера и официјално се врати во силното првенство на „Островот“. Очекувањата за Македонецот се големи во Глазгов, неговиот квалитет е веќе добро познат во Шкотска па македонскиот голгетер ќе добие шанса од првата минута на денешното вечно дерби против Селтик, потврдија од клубот објавувајќи го ...

Македонските фудбалери денеска се собраа и ги почнаа подготовките за мечевите со Саудиска Арабија и Лихтенштајн. Еден од нашите главни адути треба да биде Бојан Миовски. Нашиот напаѓач во саботата потпиша за Ренџерс, а веќе во неделата играше на големото шкотско дерби против Селтик и тоа како стартер. „Кога дојде понудата од Ренџерс, не се двоумев. Проектот беше одличен, а добив голема поддршка и од тренерот, тоа ми беше голема мотивација да ...

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го запиша својот прв настап за шкотскиот гигант Ренџерс и тоа веднаш во најжешкото дерби на шкотскиот фудбал, дуелот со големиот ривал Селтик кој заврши без победник, 0-0. Препорачано Откако во саботата официјално ја комплетираше позајмицата од шпанска Жирона, Миовски доби шанса од првата минута, тренерот Расел Мартин, не чекаше долго за да му укаже доверба на македонскиотголгетер. На теренот Миовски ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски дебитираше денеска за Ренџерс во големото шкотско дерби против Селтик кое заврши без голови, ден откако го комплетираше трансферот во гигантот од Глазгов. Миовски, кој вчера потпиша четиригодишен договор со Ренџерс, се најде во почетниот состав на дербито против Селтик и одигра 73 минути. Македонскиот репрезентативец со трансферот во Ренџерс се врати по едногодишна пауза во шкотското првенство ...