Сведокот вработен како инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување на подрачјето на Виница денес рече дека никој од ова подрачје не презел никакви дејствија за да направи контрола во локалот бидејќи им било потребно да имаат писмен налог од директор, а такво нешто не добиле. „До моментот на настанување на пожарот немам преземено никакви дејствија, јас сум распореден во Виница, а клубот е во Кочани. Во клубот до моментот на настанувањето ...

Кочанската дискотека не ги исполнувала критериумите за заштита од пожар, сведочеше Дарко Стојков, инспектор на Дирекцијата за заштита и спасување кој правел увид по пожарот во Пулс. Повикан бил од Виница, бидејќи повеќе од десетина години во подрачното одделение на ДЗС во Кочани немало вработен инспектор.. Одговарајќи на прашања од Јавното обвинителство, рече, најболно било што вратата која требала да служи како помошен излез, била целосно ...