1495.- За време на опсадата на Неапол, избувнала епидемија на сифилис во војската на францускиот крал Чарлс III и брзо се проширила во другите европски земји. Се верува дека досега непознатата болест ја донеле морнарите на Колумбо од Новиот континент. 1661.- Умре кардиналот Жил Мазарин, француски политичар со италијанско потекло. По смртта на кардиналот Ришелје во 1642 година, тој стана министер за време на владеењето на кралицата Ана и, ...

1452.- Роден е шпанскиот крал Фердинанд Католички (како Фердинанд II владетел на Арагонија, а како Фердинанд V од Кастиља). Неговото доаѓање на престолот на Арагонија во 1479 година го означи почетокот на историското обединување на Шпанија. Настојувајќи да ја зајакне римокатоличката црква и монархијата, во 1480 година го втемелил судот на инквизицијата, а во 1492 година ги протерал Евреите од Шпанија. Борбите со Маврите победоносно ги завршил ...