Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јуни. Светиот пророк Елисеј Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го одредил Елисеј, синот Сафатов, од племето Рувимово, од градот Авелмаул. Илија му ја кажа на Елисеј волјата Господова и го загрна со својата наметка и испроси од Бога двојна благодат за него. Елисеј веднаш ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 јуни. Светиот пророк Амос Роден во селото Текуја, во близина на Витлеем. Прост според потеклото и животот, Амос беше свињар кај ерусалимските богаташи. Но Бог Којшто не гледа кој е кој по надворешност, туку по чистотата на срцето, и Кој и Мојсеј и Давид ги зеде од кај овците и ги постави за водачи на народот, го избра овој Амос за Свој пророк. Тој го изобличуваше царот Озија и ...

