Синоќа во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворена изложбата на фотографии „Булки“ на Милан Темелкоски, кој се претставува со дела на кои се овековечени неговите фото впечатоци од булките на полјаните. Отворајќи за изложбата, Ивана Темелкоска, графички дизајнер, посочи дека Темелкоски покажува дека фотографијата не е само технологија, не е само убав кадар, туку начин да се забележи и почувствува мигот таков каков што е. ...
„Булки“ е насловена изложбата на фотографии од Милан Темелкоски, отворена во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“, на која се претставени фотографии на кои се овековечени булките. Поттик за изложбата, како што вели Темелкоски, е една пејзажна слика на сликарот Кирил Гегоски, негов долгогодишен пријател, на која булките се прикажани во прилепската околина, уловени од неговото набљудувачко око. – Тоа сликарско доживување остави силен впечаток ...