Со денешните четири средби од 33.коло заврши сезоната 2024/25 во ПМФЛ. Шкендија и официјално е шампион, Брера обезбеди прволигашки статус и во новата сезона, а Беса ќе игра бараж. Јасно од поодамна е дека Воска и Гостивар веќе се во најнизок ранг. Секако дека најинтересно беше на мечевите каде се играше за да се избегне 10. место, односно баражот. Брера со 3:2 го победи Работнички па така струмичани и официјално и во следната сезона ќе играат ...

Денеска се одиграа четири натпревари од 33 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Брера Струмица останува прволигаш по победатад над Работнички. Препорачано На стадионот „Младост“ во Струмица играчите на Брера го совладаа Работнички со 3:2. Во 15 минута домаќините поведоа со голот на Ндзенгуе, а предноста ја зголеми Велков во 28 минута. „Романтичарите“ намалија во 32 минута преку Лазаревиќ, а во 58 минута за 3:1 се погрижи ...