Со 1.5 милијарди евра Владата планира да ја гради хидроцентралата „Чебрен“ и „Галиште“, стратешки проект најавуван десетици години. Премиерот Христијан Мицкоски очекува камен темелникот да биде поставен идната година и ова вели ќе се оствари доколку успеат преговорите кои се во тек за формирање на синдикат од меѓународни финансиски институции. За шефот на Владата браната која би се изградила на Црна Река би имала клучна улога во обезбедување ...

„Македонија може да го гради „Чебрен“, но не може да го гради како што изминатите 35 години ги водела големите инфраструктурни проекти, затоа што овој проект може да се изгради само со капитал, знаење, документација, меѓународна доверба и строго управување со ризици. Тоа е суштината“, вели експертот за енергетска политика, Виктор Андонов по најавите дека со 1.5 милијарди евра, Владата планира да ја гради хидроцентралата „Чебрен“ и „Галиште“, ...