Прво опомени, а потоа казни за трговците кои нема да ги објават јавно цените на производите на нивните интернет страници. Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски вели дека ќе направат анализи и до петок ќе имаат сублимат дали и кој ја испочитувал законската обврска или не. Пазарните инспектори се на терен и вршат контроли, односно вршат споредба дали цените на интернет страниците се исти со оние на продажните места. Целта е ...
Откако стапи на сила новата владина мерка за објавување на цените јавно на производите на своите веб страни, кај дел од трговците се откриени серија забелешки и неправилности, додека дел аптеките не ја почитуваат оваа одлука, односно тие воопшто немаат веб страни. Од здружението на приватни аптеки велат дека аптеките не се обични трговци, туку здравствени установи и како што велат тие треба да издаваат лекови по пропишаната терапаија, а не да ...
Одлуката за транспарентно објавување на цените на сите производи од страна на трговските друштва генерално се почитува, но има пропусти и опомени од Пазарниот инспекторат. 30-тина инспектори викендов извршиле контроли во малите, средни и големите маркети, фармацевтски и земјоделски аптеки, салони за мебел и бела техника. Потрошувачите со поделени мислења – едни велат ќе заштедат време, други со забелешка за појасно објавување на онлајн цените, а ...