Во пресрет на стартот на сезоната 2025/26 лоши вести денеска лиферува ФК Пелистер. Имено искусниот напаѓач ЈованчоТрајковски (30) се здобил со најтешката повредата кај спортистите, а таа е кинење на лигаментите. Во следните денови фудбалерот на Пелистер ќе биде подвргнат на оперативен зафат, а тоа значи дека за него претстојната сезона заврши уште пред да почне. Се разбира дека од неговиот клуб му посаквуваат што побргу враќање на терените. ...

Фудбалерот на битолски Пелистер, Јованчо Трајковски, ќе мора да замине на операционен зафат и за него следува долга пауза за рехабилитација, јави македонскиот прволигаш. Трајковски доживеа тешка повреда минатиот викенд на пријателскиот натпревар против Трајал Крушевац, а дополнителните лекарски прегледи покажале дека се работи за кинење на вкрстените лигаменти - една од најстрашните повреди за секој спортист. Од управата на Пелистер му посакаа ...