Финалистот во Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен, доминира во идеалниот тим на сезоната во Европа според угледниот спортски портал „Атлетик“. Францускиот гигант има тројца свои играчи во составот, повеќе од кој било друг клуб, додека Барселона и Ливерпул имаат по двајца претставници. И покрај тоа што младиот Ламин Јамал имаше блескава сезона, тој не се најде во идеалниот состав, но затоа беше прогласен за најдобар млад фудбалер во Европа. ...
Фудбалскиот синдикат во Хрватска ги објави најдобрите на сезоната за кои гласаа 248 фудбалери од сите 10 клубови и 49 тренери и членови на стручните штабови. Наградата за најдобар фудбалер ја доби Марко Ливаја од Хајдук. Нашиот Димитар Митровски кој има фантастична сезона во дресот на Вараждин се најде во најдобриот тим на сезоната. Најдобар тим во Хрватска: Марко Маленица (Осјек), Стјепан Радељиќ (Риека), Дарио Марешиќ (Истра 1961), Роко ...