Светот нè гледа со восхит – CNN ја опишува Северна Македонија како скриен бисер, но реалноста покажува сериозни инфраструктурни проблеми. Од зимските центри до недостиг на паркинг и јавен превоз – сликата не го следи потенцијалот. Од Скопје и Матка до Охридско Езеро и Охрид – имаме сè. Но, имаме ли стратегија и знаење да го претвориме тоа во вистинска туристичка приказна? АНКЕТА: Дали би ја препорачале Македонија на странски пријатели? Да / ...
Иако живееме во 21 век, дел од земјоделските практики во Македонија остануваат непроменети со децении. Земјоделците сè уште користат штетни методи, додека државата не обезбедува доволно едукација и поддршка за современи решенија. Палењето на нивите и стрништата, наместо да исчезне, сè уште е честа појава – практика што експертите ја оценуваат како директна закана за почвата, животната средина и безбедноста на граѓаните. Но, проблемот не лежи ...
Граѓани кои работеле во Авганистан и Ирак, како и студенти со приходи од странство, протестираа пред УЈП поради барања да платат данок за заработка од пред неколку години. Тие велат дека институциите до сега не ги информирале и сега одеднаш бараат високи суми и даваат нејасни насоки. Од УЈП тврдат дека не станува збор за нова обврска и дека нема двојно оданочување доколку се достави доказ за платен данок во странство. Дали граѓаните се ...
Во пресрет на Велигден дел од најранливите граѓани во државата добија решенија за кратење на основна поддршка – намалување на часовите за лична асистенција – од максимални 80, на само 20 до 30 часа месечно. Ова не е само административна одлука. Ова е директно влијание врз секојдневниот живот: помалку движење, помалку независност, помалку достоинство. А, бројките се јасни. Еден личен асистент се плаќа околу 331 денар по час. Тоа значи дека за ...

