Инвестирањето во обновливи извори на енергија не смее да биде на сметка на природата, предупредуваат еколошките граѓански организации кои апелираат со измените на Законот за заштита на природата националното законодавство да се усогласи со европските стандарди и навремено да се воспостават механизмите кои ќе овозможат одржлив развој на обновливите извори на енергија. Тие бараат Министерството за енергетика и Министерството за животна средина ...

Здружени еколошки организации нагласуваат дека Македонија се наоѓа во клучен момент од својата енергетска трансформација. Од една страна, посочуваат дека инвестирањето во обновливи извори на енергија претставува неопходен чекор за да се намалат емисиите на стакленички гасови, за да се подобри енергетската независност и да се исполнат меѓународните обврски, но, истовремено, предупредуваат дека ова не смее да биде на сметка на природата. ...