Вардар Неготино стигна до важна победа во Втора македонска фудбалска лига, откако минимално славеше на гостувањето кај Големо Коњари со 0-1. По првиот дел на натпреварот во Коњари немаше голови. Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат во 59 минута, откако Дарко Донов остана заборавен на втората статива и реализира за 0-1. До крајот на средбата резултатот остана непроменет. Со ова, Вардар Неготино ја запиша петтата сезонска победа ...

‚Само еден гол го реши победникот на завршниот меч од 23. коло на Втората македонска фудбалска лига – Вардар Неготино со 0:1 славеше над Големо Коњари благодарение на голот на Дарко Донов. Овој триумф беше клучен за да може Вардар Неготино и натаму да ги остави во живот шансите за обезбедување на бараж за опстанок, иако ќе биде тешко бидејќи тимот на Горан Тодорчев има десет бода негатива од Каменица Саса односно од бараж зоната. Сега Вардар ...