Индексот на успешност на патувања за парови ги оценува дестинациите според фактори како што се пристапност, безбедност и нивото на стрес предизвикан од гужвите. Првото заедничко патување често е пресвртница за врската – „или ќе успее или нема“. Што ако вашиот партнер сака да спие до доцна, а вие станувате рано? Што ако тој или таа сака само да лежи на плажа, додека вие сте љубител на музеи и галерии? Што ако нема разбирање за половина час ...
Нов извештај за „Индексот на успешност на патување за парови“ ги откри најдобрите светски дестинации за прво заедничко патување во двојка, при што дури две дестинации од поранешна Југославија се најдоа меѓу најдобрите пет. Истражувањето е направено како дел од концепт развиен од терапевтка за односи и сексуално здравје, Џорџина Вас, во соработка со модниот бренд „Пур Муа“, а анализата ја пренесе „Еуроњуз“. Индексот ги оценува дестинациите ...

