Комплетирајќи ги играчките редови за настапите на европската сцена но и новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Вардар се засили и со еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, младинскиот репрезентативец Димитар Данев. 19-годишниот Данев, кој игра на крилните офанзивни позиции, зад себе остава извонредна сезона во дресот на Работнички која не остана незабележана и од повеќе домашни, но и странски, екипи кои го посакуваа ...
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Вардар продолжува да влече потези и дополнително да го засилува играчкиот кадар за престојната натпреварувачка 2025/2026. „Црвено-црните“ доведоа неколку нови имиња, а новото е Димитар Данев. Данев е младински репрезентативец на Македонија кој во редовите на Вардар доаѓа од градскиот ривал Работнички. Тој може да одговори на повеќе позиции и дефинитивно ќе биде одлична опција за тренерот Гоце ...