Од 17 до 23 мај, Битола ќе биде домаќин на 26-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, културен настан кој веќе четврт век ја афирмира моќта на индивидуалната актерска изведба и ја поврзува домашната со светската театарска сцена. За натпреварувачката програма, учесниците и земјите од кои доаѓаат актерите со своите монодрами, за офф програмата и локациите каде ќе се играат претставите денеска во Актуел на Тера телевизија, ...

Вечерва на програмата на фестивалот на монодрамата во Битола е монодрамата „Парадокс“ на актерот Кристоф Рогачевич, од Полска . Ќе се игра на големата сцена на Центар за култура – Битола, со почеток од 20:00 часот. Во оваа моќна монодрама инспирирана од „Замка-22“ на Џозеф Хелер, актерот Кристоф Рогачевич се претвора во неколку ликови истовремено – луди, очајни, човечки. Патување низ војна, страв и смеа – „ПАРАДОКС“ не нуди одговори, туку отвора ...