Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа нов напредок на ВТА-листата. На најновиот ранкинг, Ѓорческа се најде на 198 место. Ова значи дека нашата тенисерка направи скок од девет позиции, сега има 358 бодови. Лина Ѓорческа најдобриот ранкинг на ВТА-листата го имаше во 2017 година кога се најде на 170 место. На последниот настап, македонската тенисерка беше запрена во четвртфиналето на W75 турнирот во Куршумлијска Бања, Србија. ...
Лина Ѓорческа во изминатиот период бележи исклучително добри резултати и тоа направи да влезе во топ 200 на ВТА листата, а секако и овозможи и настапи на поелитни турнири. Најдобрата македонска тенисерка оваа недела е активна на Челинџерот во Турција и веќе беше познато дека ќе стартува против Каролина Плишкова, па така ова претпладне нашата Лина имаше еден од најголемите предизвици во кариерата. Ѓорческа ги одмери силите со поранешната најдобра ...