По комплетирањето на викенд колото, познат е еден клуб кој и математички е нов второлигаш, тоа е екипата на Шкупи, која беше од поодамна прежалена, но од сега и официјално го носи статусот на тим од понизок ранг. Чаирчани се во големи финансиски проблеми. Без газда, без финансии, без раководство. Играат со младинци, а сето тоа се одрази на резултатите кои им го донесоа и епитетот на единствен тим од најдобрите лиги во Европа без ниту една ...
На осум кола до крајот во Првата лига, екипата на Шкупи и официјално испадна во Втората македонска фудбалска лига. Во многу тешка сезоната за тимот од Чаир, со големи финансиски проблеми и блокада за трансфер и од УЕФА, сезона одиграна со младинци – Шкупи ја завршува сезоната на дното и со тоа од следната сезона ќе игра во Втора лига. Екипата на Шкупи е најслабиот тим во Европа бидејќи е единствен без триумф во најдобрите европски лиги, со ...

