Уште еден инцидент на пешачки перемин. Момче на мотроцикл попладнево прегазил пешак во Кисела Вода. Очевидци велат дека кусо по несреќата момчето избегало, а повредениот со брза помош бил префрлен во болница. И од МВР информираа за инцидентот. За Телма велат дека е пронајден малолетникот. Возел без возачка дозвола, мотоцикл „Беверли“ без регистарски таблици. По несреќата пешакот со Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка ...
Малолетник без возачка дозвола со мотоцикл удрил во пешак во близина на Клиниката за лечење на зависности во Кисела Вода, потврдија од МВР за Инфомакс. – Денеска околу 19.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје мотоцикл „Беверли“ без регистарски таблици удрил во пешак. По несреќата пешакот со Итна медицинска помош е пренесен во КЦ-„М.Тереза“, а мотоциклистот го напуштил местото на настанот. По преземени мерки ...