„За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на малцинските заедници“, стои во честитката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на ...
Нашата генерациска должност, додаде претседателката, е како што и самиот Методија Андонов-Ченто рекол – е да ја чуваме и браниме слободата како зеницата во окото. А државата, додаде таа, се чува и се брани со демократски политички систем, со уставен патриотизам, со вложување во младите, со мудра надворешна политика и со национално помирување Никому не му ја должиме изборената држава. Затоа, никој нема право да ја ревидира нашата национална ...

