Утрово во 7:30 часот, граѓани од иницијативата „Стоп за Вардариште“ започнаа блокада на крстосницата кај мостот Близнаци, поради, како што велат, истечениот рок за реакција од институциите на нивните барања испратени во саботата. Од иницијативата најавуваат засилување на притисокот врз локалните и централните власти. Во 18 часот денеска е најавена нова блокада – овој пат на крстосницата во населбата Маџари, Општина Гази Баба, на улицата Перо ...

Активистите од иницијативата „Стоп за Вардариште“ утринава влегоа на дивата депонија, барајќи итна акција од надлежните институции. По две недели блокади и предупредувања, тие утрово од 7:20 часот се собраа кај мостот Близнак, а увидот на депонијата започна во 8:30 часот. Од иницијативата најавија дека очекуваат средба со претставници на општинската власт во Аеродром директно на локацијата. Граѓаните поднесоа список од седум конкретни и итни ...

По Аеродромци и жителите на Маџари денеска со блокади против дивата депонија Вардариште. Од 18 часот ќе биде блокиран железничкиот премин во Маџари во близина на кванташкиот пазар. А иницијативата „Стоп за Вардариште“ утринава го одржи првиот од двата најавени протести за денеска. Насобраните граѓани своето незадоволство го изразија преку мирен протест и ги повторија барањата за итни мерки против загадувањето во главниот град, а од иницијативата ...