Барселона направи подвиг на гостувањето против Панатинаикос, сред Атина земајќи го скалпот на поранешниот европски првак, и тоа со убедливи 96-10. Ергин Атаман немаше одговор за извонредниот шут од далечина на гостите, кошаркарите на Барселона реализираа дури 16 тројки и си го трасираа патот до победата. Почетокот беше супердраматичен, Барса отвори со убедливи 0-11, по што Панатинаикос постигна 13 поени во низа и за момент го презеде водството. ...
Цврстата одбрана беше клучен фактор за тимот на Куманово да слави на гостувањето против Чаир со резултат 74-85, со што тимот предводен од Марин Докузовски победнички ја стартуваше новата сезона. Чаир ја почна сезоната со само двајца странци, овој тим вечерва настапи со шест играчи со посериозна минутажа (плус двајца кои вкупно имаа помалку од девет минути), а кумановци знаеја како да го искористат тоа и да стигнат до гостинска победа. Куманово ...