Три македонски екипи ќе се натпреваруваат во квалификациите за Конференциската лига, а денеска ги дознаа и првите противници во ова европско натпреварување. Освојувачот на македонскиот Куп, екипата на Вардар, помина најдобро во ждрепката и за противник го доби претставникот на Сан Марино, Ла Фиорита. Вториот скопски претставник, Работнички ќе има двомеч со белоруската екипа Торпедо, додека Силекс доби ривал од регионот, односно екипата на Дечиќ ...

Третото по ранг европско натпреварување на УЕФА има три македонски претставници во квалификациската фаза, а после најавата која пристигна ова утро за второто коло кое ќе се игра на 24-ти и 31-ви јули, сега беше извлечена ждрепка која ги одреди точните противници со кои ќе се соочат Вардар, Работнички и Силекс. Македонските прволигаши вчера добија ждрепка по мерка за првото квалификациско коло, па затоа амбициите се уште поголеми за подолго ...

Македонските тимови немаа многу среќа при денешната ждрепка за втората рунда од Конференциската Лига на УЕФА, при што Вардар, Силекс и Работнички сите добија квалитетни ривали доколку успеат да ги минат првите пречки во ова европско натпреварување. Вардар важи за фаворит во првото коло против Ла Фиорита од Сан Марино, а „црвено-црните“ доколку се пласираат во следната рунда, таму ќе имаат далеку потежок предизвик – дуел со швајцарскиот прволигаш ...