Фудбалерите на Вардар по прес-конференцијата, го одржаа и тренингот на стадионот во Лозана, и се запознаа со условите кои ги чекаат утревечер на реваншот од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Во тимот на Гоце Седлоски се оптимисти дека може да се мине швајцарската пречка, но сите се и свесни дека задачата воопшто нема да биде едноставна, туку ќе треба да се води голема борба против Лозана која е фаворит на хартија. Голем плус ...
СпортМанија во Лозана, Вардар никогаш не бил сам, па така е и во Лозана. Голем број на македонски навивачи се на стадионот во Лозана да дадат поддршка на најтрофејниот македонски фудбалски клуб. Покрај најверните фанови, популарните „Комити“, на трибините има и голем број на македонски печалбари кои живеат и работат во Швајцарија и околните земји. Убаво е да се види дека најголем дел од македонските навивачи се „наоружани“ со македонското ...