Под влијание на значително потопла воздушна маса од југ, од утре (среда 5 март) па се до крајот на оваа недела ќе имаме голем пораст на температурите и тие ќе бидат значително натпросечни за овој период од годината. Времето ќе биде сончево, освен за викендот кога ќе има појава на умерена облачност. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. И во Скопскиот регион ќе имаме многу слично време, односно сончево и значително ...

Времето денеска наутро ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 21 степен. Во наредните денови, информираа од УХМР, ќе продолжи периодот на стабилно, ...