Шкендија Арачиново се раздели со тренерот Еркан Мурсели, непосредно откако си обезбеди место во Втората македонска фудбалска лига. По соработка која траеше година и половина, клубот и доскорешниот тренер си подадоа рака и повеќе нема да соработуваат. Мурсели беше човекот кој ја одведе Шкендија Арачиново до историски пласман во ВМФЛ, па поради тоа е нејасен потегот да се направи промената. Се очекува новиот второлигаш во следниот период да го ...

Новиот второлигаш Шкендија Арачиново објави дека се разделува со тренерот Еркан Мурсели по период од една и пол година заедничка работа. Мурсели ја водеше екипата на Шкендија Арачиново најпрво до шампионскиот пехар во Трета лига – Север низ доминантна сезона со 23 победи, едно реми и два порази, а притоа имаше и 111 погодоци и 9 примени гола односно најефикасен напад и најдобра одбрана. Шкендија Арачиново под водство на Мурсели обезбеди и ...