Шкендија Арачиново се раздели со тренерот кој ја врати во ВМФЛ

Шкендија Арачиново се раздели со тренерот Еркан Мурсели, непосредно откако си обезбеди место во Втората македонска фудбалска лига. 

По соработка која траеше година и половина, клубот и доскорешниот тренер си подадоа рака и повеќе нема да соработуваат. Мурсели беше човекот кој водеше Шкендија Арачиново до кам-бек во ВМФЛ, па поради тоа е нејасен потегот да се направи промената. 

Се очекува новиот второлигаш во следниот период да го промовира наследникот на Мурсели. Веројатно ќе има и промени во ростерот, иако Шкендија од Арачиново имаше навистина силен тим за третолигашката конкуренција со искусни имиња и поранешни прволигаши.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.