Министерот за спорт Борко Ристовски вели дека неговото министерство не е организатор на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), туку Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Град Скопје. Градоначалниката Данела Арсовска, пак, вели дека градот само помогнал да бидеме избрани за домаќин, а МОК ја презел организацијата. Од 20 до 26 јуни во Скопје и Куманово се одржува ЕМОФ 2025, на кој настапуваат над 4.000 млади спортисти од 49 европски ...

Скопската градоначалничка Данела Арсовска преку објава на Facebook порача дека Град Скопје „нема вмешаност во организацијата и нема потрошено ниту денар“ за Европската младинска олимпијада (EYOF) 2025, чиј домаќин е главниот град. Според неа, по добивањето на кандидатурата организацијата ја презеле Македонскиот олимписки комитет (МОК) и министерот за спорт Борко Ристовски, а градската администрација била „исклучена“ уште на почетокот. „Јас ја ...

Град Скопје помогна Македонија и Скопје да бидат домаќини на Европската младинска олимпијада 2025. Претседателот на Македонски олимписки комитет Даниел Димески веднаш потоа одлучи дека организацијата ќе ја води заедно со Министерството за спорт и настанот спротивно на стандадите скандалозно половина го однесе во Куманово, стои во демантот на Град Скопје, што МИА го пренесува интегрално. Цела година МОК и Министерството за спорт ја организираат ...