Здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“ за в недела организира планинарска пешачка тура од Љубанци кон Бродец. Воедно, ќе биде посетен и водопадот Бучало, кој е по текот на Турчевска Река, по што ќе следува спуштање повторно во Љубанци. – Патеката е средно тешка, долга е 15 километри, со висинска разлика од 500 метри. Почетокот на турата ќе биде во 8:00 часот, од плоштадот во Љубанци. Дотаму може да се дојде со сопствен превоз или со ...
Планинарска екотура до врвот Лако Сигној ќе биде реализирана во јуни, за собирање на ситниот расфрлан отпад во пошироката околина, во организација на алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид. Како што информираат од клубот, се очекува да се вклучат голем број доброволци. – Ова е долг процес, кој го планиравме и реализиравме подолг временски период. Локацијата се наоѓа на крстопатот на неколку популарни планинарски патеки како High Scardus Trail ...