Парламентарното мнозинство денес ја одобри потребата од измена на законот за Инспекторатот за употреба на јазиците, четири месеци откако вработените останаа без плати и без здравствено и пензиско осигурување. Во декември, на сите инспекторати им беше одземен статусот на правно лице преку измени на Законот за инспекциски надзор. Сепак, најмногу беше погоден Инспекторатот за употреба на јазиците, на кој му беше загарантиран статус на правно лице ...
Втор ден по ред, во Собранието се дебатира за измените на Законот за Инспекторатот за употреба на јазиците, со кои, меѓу другото, се предвидува укинување на правниот статус. Според парламентарното мнозинство, овие измени ќе овозможат инспекторатот повторно да започне со работа и ќе се реши проблемот што четири месеци вработените не примаат плати. Сепак, за Европскиот фронт, измените се неприфатливи бидејќи, според нив, целта е со укинувањето на ...
За последниот шести амандман, претседателот на Комисијата за политички систем, Љупчо Пренџов го повика Мурати да го повлече, бидејќи како што посочи, не може да го стави на гласање оти во амандманот пратеникот бара промена во членот 8 став 5, а законското решение има седум члена. На ова, Мурати одговори дека при средувањето на амандманите собраниските служби направиле техничка грешка и оти нема да го повлече шестиот амандмам, оти како што рече – ...
Во собраниската Комисија за политички систем се водеше тензична дебата поради шесте амандмани што ги достави Европскиот фронт во врска со измените на Законот за Инспекторатот за јазици, со кои се предвидува укинување на неговиот правен статус. Измените ги предложија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, а амандмани поднесе Европскиот фронт. „Инспекторатот како механизам за следење на спроведувањето на правото на употреба на јазиците не е едноставна ...