Со вчерашниот расплет во Италија, Англија и Шпанија, веќе се познати 29 учесници во следната Лига на шампиони и преостануваат само уште седум слободни места, кои ќе бидат пополнети по одигрувањето на трите квалификацискки кола и плеј-офот. Низ летниот филтер на квалификации мора да минат и големи клубови како: Глазгов Ренџерс, Бенфика, Феенорд, Бриж, Фенербахче, Ница, Црвена Звезда, Панатинаикос, Селтик, Базел... Англија со шест претставници е ...
Саудискиот клуб Ал-Хилал му даде рок од 72 часа на Бруно Фернандеш во кој Португалецот мора да го даде својот конечен одговор дали ќе ја прифати примамливата понуда што му е упатена. Клубот од Ријад му понуди на играчот од средниот ред четирипати поголема плата од таа што ја добива во Манчестер јунајтед. Понудата до него е за нето-плата од 700.000 фунти неделно. Ако прифати, со бонусите Бруно би можело да добие вкупно 200 милиони во текот на три ...