Еурофарм Пелистер го одигра убедливо најдобриот натпревар од стартот на сезоната, а такво издание беше доволно за да му се нанесе првиот пораз на непобедливиот тим во досегашниот дел на шампионатот. Вардар отпатува во Битола со цел да ја продолжи својата импресивна победничка серија во Суперлигата, но избраниците на Иван Чупиќ се соочија со првиот пораз, и тоа изразен со резултат 28:23. „Црвено-црните“ потклекнаа во второто полувреме и целосно ...
Еурофарм Пелистер – Вардар 28:23 (13:10) Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола, пред преполна сала навивачи, во најважниот меч на домашната сцена оваа сезона, во вечното македонско дерби, го победи Вардар 1961 со резултат 28:23, полувреме. Победникот во дербито беше битен, посебно за “пелистерци“ кои беа под притисок дека мораат да победат, а на голот го имаа Саид Хеидарирад кои блескаше во моментите кога беше најпотребно и забележа ...

