Кошаркарите на Работнички со победа над Куманово го завршија регуларниот дел од сезоната во Суперлигата. По 22. коло во мак-баскетот, преку клупските социјални мрежи тренерот Владимир Мирковски изнесе коментар за одиграното и многу пофалби за своите играчи. „Овие кошаркари се хероите на Работнички. Како што одамна е кажано: на мака се познаваат јунаците. Како шеф на стручниот штаб сакам да упатам искрени честитки до моите кошаркари и до ...

Во последното 22 коло од регуларниот дел од македонската „МТЕЛ“ кошаркарска Супер лига, екипата на Работнички го совлада МКК Куманово во салата „Лазар Лечиќ“ со 76:72. Клубот со најмногу титули, вкупно 15, во домашниот шампионат, Работнички, ќе ја продолжи сезоната во плеј-аут натпреварувањето преку кое ќе се обиде да остане во елитата. Играчите предводени од тренерот Владимир Мирковски својот нов меч ќе го имаат на 11 април на домашен терен ...