Од утре, специјализиран медицински тим од неколку државни клиники ќе започне со прегледи и евалуација на пациентите повредени во трагичниот пожар од 16 март, кои се вратени од лекување во странство. Прегледите ќе се вршат во Општата болница – Кочани, а целта е утврдување на моменталната здравствена состојба и потребата од понатамошна нега, рехабилитација и медицински помагала. Како што информираше заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, ...

Тимови на специјалисти од утре ќе почнат со евалуација на здравствената состојба на сите повредени од пожарот во Кочани за да се утврдат понатамошните потреби за лекување и помагала. Во моментов 11 од повредените се уште се на лекување во странство…Четириесет пак се на физикална терапија. Но, дали болницата во Кочани ги има сите потребни услови за секој од нив да добие соодветна нега? Бројката на пациенти на кои ќе им биде потребна здравствена ...

Наредните денови, докторски тимови составени од специјалисти од повеќе области ќе проценуваат состојбата на сите повредени од големиот пожар во Кочани. Со тоа ќе се утврди понатамошниот тек на нивното лекување и рехабилитација. Во меѓувреме, тим од Велика Британија одржа обуки за 45 здравствени работници, вклучувајќи 10 лекари од кочанската болница. Според нивните препораки закрепнувањето треба да се одвива во Кочани. Здравствените власти тврдат ...