Од Центарот за управување со кризи информираат дека до 10:00 часот на територијата на државата се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, 1 пожар е локализиран, а 9 се изгаснати. Активен е пожарот помеќу с. Бешиште и с. Градешница каде гори сува трева и мешана шума, а е на територијата на двете општини Прилеп и Новаци, а другиот активен пожар е во општината Шуто Оризари каде гори дива депонија. Фото: Илустрација ...
Сè уште е активен шумскиот пожар на вториот крак на Халкидики во регионот на Вурвуру, меѓутоа не се во опасност населени места, според информациите од противпожарната служба на Грција. Пожарот што избувна околу 16 часот по локално време, гори густа борова шума и е во непрооден дел, а над три часа подоцна сè уште не е ставен под контрола, иако интервенираат голем број пожарникари и дополнително се засилени воздушните средства, пишува МИА. Во ...