Странските инвеститори алармираат дека бавната администрација станува сериозна пречка за бизнисот во земјава. Од германската стопанска комора велат дека компаниите предолго чекаат работни дозволи за странски кадар, а за дел од фирмите доцни повратот на ДДВ и исплатата на државната помош. Бизнис заедницата бара владата да назначи едно одговорно лице или институција што директно ќе ги решава проблемите на инвеститорите, со цел да се избегнат ...
На дел од странските компании Владата треба да им врати десетици милиони евра. Кај некои износот за поврат на ДДВ, што треба да го добијат, достигнува и до 12 милиони евра. Дел од инвеститорите сè уште ја чекаат и државната помош за минатата година. Ова во интервју за „Телма“ го сподели Антје Ванделт, директорка на германската стопанска комора во Македонија. Пренесуваме и примери на успешни стартапи на македонски иноватори. На дел од ...

