Македонската одбојкарска репрезентација загуби и во вториот натпревар од годинешното издание во ЦЕВ Европската Златна лига. Попладнево во Братислава Македонија загуби од домаќинот на првиот турнир, Словачка, со 3:0 (25:21, 25:22, 25:23). Вчера „црвено-жолтите“ загубија од Финска, исто така со максимални 3:0. Капитенот Никола Ѓоргиев со 17 поени беше лидер на екипата, додека Александар Љафтов го следеше со 10 поени, а Филип Савовски реализираше ...
По вчерашниот пораз од Финска исто така без освоен сет, момците на Јошко Миленковски денеска беа нешто подобри во дуелот со Словачка, но и овојпат доживеавме максимален пораз. Констатно Мкаедонија беше во игра, меѓутоа веројатно недостасуваше и искуство. Лидер на нашиот тим беше капитенот и најискусен во составот Никола Ѓорѓиев со 17 поени, а зад него следеше Љафтов со десет поени, Филип Савовски застана на осум. Одбојкарите утре се враќаат во ...