Во времето на свирепиот цар Ликиниј, којшто владееше со источниот дел на Византиското царство, имаше големо прогонство на христијаните. Во Никопол Ерменски на царскиот намесник Лисиј му се јави Свети Леонтиј со уште неколкумина пријатели и за себе му рекоа дека се христијани. „А каде е вашиот Христос?“, ги праша Лисиј. „Нели Го распнаа и умре?“ На ова му одговори Свети Леонтиој: „Кога знаеш дека нашиот Христос умре, знај дека и воскресна од ...

Овие маченици беа родум од Калипта во Азија и Прокл му беше чичко на Илариј. Пострадаа во времето на Трајан. „Од кој род си?“, го праша судијата Прокл. Прокл одговори: „Христос ми е род и надеж и Бог“. Кога судијата му се закани со маки, Прокл рече: „Кога вие се плашите да ги престапите царските заповеди за да не паднете во краткотрајни маки, колку ли ние христијаните се плашиме да ја престапиме заповедта Божја за да не паднеме во вечни маки!“ ...