Отворен и кариерен ден, на иста локација, во исто време – на плоштадот пред ректоратот на универзитетот „Гоце Делчев“ во штипско Ново Село. Средношколците од сите средни училишта од Штип, но и од регионот, имаа прилика на отворениот ден да се запознаат подобро со сите факултети и академии во рамките на штипскиот универзитет, кои со свои штандови и професори и асистенти споделуваа информации со своите потенцијални студенти. Од друга страна, ...

Средношколци од средните училишта од Штип, но и од останатите општини од земјата, студенти од факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип денеска се дел од настаните Отворен и Кариерен ден. Двата настани ги организираа вработените во УГД-Штип и компаниите од Стопанска комора. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека на настанов учествуваат над 40 компании од земјава. Средношколците имаат можност полесно да ...