Второто издание на „Мувинг Балканс – Шоукејс за современ танц“ од 13 до 16 мај се одржува во Нови Сад, Србија, со програма која носи избор на десет современи танцови продукции и шест Денс Скејп пичинг проекти од Балканот. Првото издание на „Мувинг Балканс“ минатата година се одржа во Љубљана, Риека и Загреб и имаше фантастично влијание во меѓусебното запознавање и остварување долгорочна комуникација меѓу учесниците од независната танцова ...

Изведбата на танц-перформансот „Мокументари“ на „Мувинг Балканс“ е можност поблиску да се запознаеме со Адријана Данчевска Ровчанин, не само како кореографка и танчерка, туку со целината на нејзиното битие длабоко нурнато во танцовата уметност. Мала, но избрана екипа ја претстави Македонија на второто издание на платформата за современ танц „Мувинг Балканс“, кое се одржува од 13 до 16 мај во Нови Сад. Во селекцијата на десет најдобри ...